ФОТО: Поранешниот играч на Вардар подготвува свадба - срцето му го освои убава Македонка
Игор Карачиќ е хрватски ракометар кој настапуваше за ракометниот клуб Вардар. Прогласен е за ракометар на годината во Хрватска, а признанието доаѓа по освоената титула со Вардар во Келн, како и по признанието за најкорисен играч на завршниот турнир во Лигата на шампионите.
Тој во Македонија ја најде и љубовта на својот живот, манекенката Душица Андоновска.
Душица и нејзината сестра близначка Марија Андоновска ги пополнуваат скоро сите насловни страници на магазините во земјава, а се имаат појавувано иј во многу видео спотови.
Минатата година Игор ја запроси Душица, а сега на големо се прават подготовките за свадбата која ќе се одржи што заврши пандемијата.
Игор и Душица не споделуваат многу заеднички фотографии, но понекогаш умеат да си посветат по некоја емотивна порака.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа