Хакнати сајтовите на претседателот и на премиерот на Сингапур

Сајтовите на  претседателот и на премиерот на Сингапур беа нападнати од хакери, откако лидерите на оваа островска град-држава се заканија со поостри мерки против групата „Анонимуси“, која промовира заложби за поголема слобода на интернет.

Официјалната веб страница на претседателот Тони Тан беше нападната утрово, еден час откако на интернет сајтот на премиерот Ли Хсјен Лунг се појавија иронични пораки и маскотата на „Анонимуси“

 „Анонимуси“ бара укинување на правилото новинарските портали да мораат да добиваат годишна лиценца. Правилото стапи во сила во јуни и предизвика остри реакции на блогерите и активистите за човекови права, кои оценуваат дека со тоа се задушува слободата на изразување

08.11.2013 - 11:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега