Се разбудил по бурната ноќ - на пуст остров

Алкохолот е повторно виновен за необичното доживување на еден пијан човек кој после бурната ноќ тој мислел дека се наоѓа на пуст остров.

35-годишниот Стивен Кофи во неделата отворил очи и сватил дека се наоѓа на пуст остров во Јужна Каролина, а тоа се случило по една ноќ откако испил поголема количина на алкохол.

Стивен на  полицијата им рекол дека единствено на што се сеќава е тоа дека бил во бар и подоцна тој „пливал “подолго време, пишува „The Post and Courier". „Кога стигнал на островот со часови се обидувал да повика некој да му донесе ќебе или јака бидејќи се смрзнал“, изјавила полицијата

Стивен  утрото бил најден под мост, тој на себе за среќа  нема никакви повреди.

08.11.2013 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега