ФОТО: Медиумите од Кембриџ пишуваат за посетата на министерот Тодоров

Медиумите во Кембриџ пишуваат за посетата на македонскиот министер за здравство, Никола Тодоров, во болницата во Кембриџ. Како што пренесува Здравство24, Cambridge News посветува текст на посетата на македонскиот министер и македонски лекари во кембриџ, со наслов "Во болницата во Кембриџ да се обучуваат македонски медицински лица за трансплантација".

Инаку, во рамки на посетата, министерот потпиша Меморандум за соработка со кој секоја година во наредните три години по тројца хирурзи од Македонија во оваа болница ќе ги усовршуваат вештините, кои потоа кога ќе се вратат како што вели професорот и ментор Ендрју Бреи ќе може сами да воспостават програма за трансплантација во нашата земја.

08.11.2013 - 10:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега