ФОТО: Љубовно детско писмо кое стана вистински хит

Слатко и искрено љубовно писмо од едно момче до неговата другарка од неговото одделение во кое ја прашува дали сака да биде негова девојка. Ова писмо стана хит на Интернет.

Детското љубовно писмо  започнува вака: "Драга Ешли, дали сакаш да ми бидеш девојка? Премногу ми се допаѓаш." Момчето понудило три опции на својата симпатија. Девојчето веднаш заокружило Не, но допишала дека кога таа  ќе раскине со момчето Кајл, тој ќе биде нејзиниот прв избор.

"П.С. Тоа веројатно ќе биде за месец, два" - го охрабрила своето идно момче на крајот од писмото.

Ова искрено детско љубовно писмо го виделе над 1 милион гледачи.

08.11.2013 - 10:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа