Безживотно тело на маж пронајдено на автопатот Е-75

На автопатот Е-75, во близина на клучката кај Гевгелија кон Скопје, синоќа било пронајдено тело на маж кое не покажувало знаци на живот.

Телото го забележал случаен минувач, кој веднаш го пријавил настанот во полиција. На автопатот лежел маж на возраст од околу 60 години, чиј идентитет е сеуште непознат.

Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција за да се утврди во какви околности настанала смртта.

08.11.2013 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега