Поставен краен рок за ослободување на Јулија Тимошенко

Двајцата пратеници на ЕУ на украинскиот Парламент му дадоа краен рок до среда да го усвои законот, со кој ќе биде ослободена  Јулија Тимошенко, изјави портпаролката на украинската опозиција Олха Лапо. 

Европските пратеници нагласија дека Киев треба до среда да го усвои овој закон доколку сака да го потпише важниот договор за интеграција во ЕУ.

Лапо, која е портпарол на украинскиот опозициски лидер Арсениј Јаценук, изјави дека пратениците на ЕУ, поранешниот полски претседател Александар Квашневски и поранешниот претседател на Европскиот парламент Пат Кокс, побарале од украинските пратеници до среда да го усвојат законот, со кој на Тимошенко ќе и се овозможи да замине на лекување во Германија.

Тимошенко отслужува затворска казна од седум години за злоупотреба на службената должност. 

Претседателот на Укарина Виктор Јанукович и неговите сојузници досега одбиваа да ја ослободат Тимошенки и покрај инсистирањата на Западот.

08.11.2013 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа