Мицкоски оствари средба со претставниците на иницијативата „Не отворам врата“- „добро е што е пописот одложен“
Денес остварив средба со претставници од иницијативата „Не отворам врата“ со кои разговаравме за актуелната политичка состојба во државата, но и ги запознав со деталите од постигнатиот договор за одложување на пописот, напиша на фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Заеднички се согласивме дека е добро што е одложен пописот поради лошата епидемиолошка слика и разгорената ковид пандемија која секој ден одзема по триесетина животи и заразува по 1.300 наши сограѓани.
На средбата беа запознаени претставниците од иницијативата, но и заеднички се согласивме околу заложбата за доследна примена на практиките и методите на Еуростат при одржувањето на пописот, како и фактот дека нема да се поддржат резултати од попис кој нема да биде спроведен по методологијата и стандардите на Еуростат и европските практики.“ напиша Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа