Волерс во посета на Штип

Амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс попладнево беше во посета на Штип. За верме на посетата, Волерс се сретна со градоначалникот на општината, Илчо Захариев. 

- Американскиот народ е наш пријател, а ние како Општина веднаш ќе го подготвиме проектот за реставрирање на неколку куќи во историското Ново Село и проектот веднаш ќе го доставиме до Амбасадата, рече Захариев и му предложи на Волерс една од старите куќи да се нарекува Американска куќа или пак некоја од улиците во Штип да се именува по поранешниот претседател на САД, Џорџ Буш кој ја призна Македонија под уставното име.

Штипскиот градоначалник на средбата со амбасадорот Волерс рече дека отворањето на фабриката „Џонсон Контролс“ во Технолошко-индустиската развојна зона има големо зачење за развојот  на економијата, но и намалување на невработеноста во целиот регион.

07.11.2013 - 16:39
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега