26 години од првата кадаверична трансплантација во Македонија

Првата кадаверична трансплантација на органи во Македонија е направена од македонски лекарски тим на 7 ноември 1987 година, а оттогаш до јуни 1989 година земавме потписи од 31 семејство за донирање на органите на пациенти со мозочна смрт на Клиниката за анестезиологија и направивме 20 кадаверични трансплантации. Ова на прес-конференција го истакна нефрологот Нинослав Ивановски, учесник во тимот кој ја направи првата кадаверична трансплантација во земјата.

Директорката на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, Маја Парнарџиева Змејкова укажа дека по правата кадаверична трансплантација се случиле неколку историски настани како што се трансплантацијата на бубрези кај деца во 2009 година, трансплантација на црн дроб кај деца во 2011 година, првпат на Клиниката за урологија се направени рекордни 25 трансплантации од живи донори во 2012 година, годинава тој број ќе биде 35. - Догодина би сакала да ја најавам како историска повторно за Македонија - заживување и развивање на кадаверичната трансплантација и трансплантацијата на црн дроб. ФЗОМ како и досега и следната година ќе продолжи со финансирање преку т.н. условни буџети давајќи им на клиниките колку пари им требаат за да има се повеќе трансплантации и ветувајќи им доколку бројот го зголемат Фондот автоматски ќе го зголеми буџетот, додаде Парнарџиева Змејкова.

Директорот на Клиниката за детска хирургија Ристо Симеонов рече дека правата трансплантација на бубрег кај дете во Македонија и направена во таа здравствена установа во септември 2009 година.

- Оттогаш до денес се направени девет бубрежни и една трансплантација на црн дроб од жив донор. Трансплантацијата е комплексен процес и бара тимска работа, додаде Симеонов.

07.11.2013 - 15:53
Фото: 
Идивиди

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега