Радост за пензионерите - и догодина бесплатно на бања

Министерот за труд и социјала, Диме Спасов, денеска истакна дека проектот Бањско-климатска рекреација на корисници на пензија ќе продолжи идната година.

- Повикот за користење на услугата за наредната година ќе биде објавен во јануари.  Досега за четири години, период во кој што се спроведува овој проект, можноста за користење на услугата бањско-климатска рекреација ја искористиле 5.500 лица за што од буџетот биле издвоени 30 милиони денари. ПОради интересот се обезбедени средства од буџетот.Зависно од интересот што ќе биде  постои можност од дополнително проширување на опфатот на пензионерите, истакна на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Тој додава и дека Министерството за труд и социјална политика ќе направи се и натаму да овозможи на пензионерите и старите лица целосна интеграција во општеството поради нивниот придонес кон нашата држава.

Услугата  се остварува во Негорски бањи, Дебарски бањи Цапа, Катлановска бања и Цар Самоил. 

07.11.2013 - 15:49
Фото: 
Академик.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа