Нов тајфун се заканува на Филипини

Властите во Филипини денеска  го забранија воздушниот и морскиот транспорт и ги  повикаа сите рибарски бродови да се вкотват во пристаништа заради супертајфун кој се очекува да ја погоди државата.

Според прогнозите тајфунот Хаијан ќе ги погоди утре наутро централните филипински острови Самар и Лејте. Бризната на ветрот е околу 215 км/час. Тоа ќе биде бура од највисоката – петта категорија и се движи над Тихиот Океан со брзина од 33 км/час.

 Околу 10 милиони луѓе ќе бидат изложени на овој тајфун, а најголем е ризикот за околината на Бохол.

07.11.2013 - 15:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега