Расте бројот на деца Роми кои не се вакцинирани

Се поголем бројот на деца Роми кои не се вакцинирани. Поголем број невладини организации бараат да се обезбеди поголем опфат на имунизација на овие деца.

- Потребни се активности за едукација на родителите, зголемен број теренски акции за пронаоѓање на невакцинирани деца, редовна достава на покани за вакцинација, редовни посети на ромски семејства од патронажни служби и обезбедување превоз на децата до здравствените домови во оние ромски заедници кои се значително оддалечени од овие установи, истакнаа на денешната прес-конференција претставници на граѓанските организации ЕСЕ, ЦДРИМ, ЛИЛ и КХАМ.

Анализата на резултатите покажува дека во просек 32 проценти од ромските деца во сите вклучени општини не се редовно вакцинирани или се невакцинирани. Вакцина не добиле 70 проценти од ромските деца во Ѓорче Петров, 50 проценти во Шуто Оризари, Злокуќани и Делчево и 46 проценти во Прилеп. Состојбата, истакнуваат од граѓанските здруженија, е загрижувачка и во однос на вакцините против детска парализа (полио), при што ваков тип вакцина не добиле 27 проценти од ромските деца во Шуто Оризари, 44 проценти во Ѓорче Петров, а пак најмал опфат со оваа вакцина се јавува во населбата Злокуќани и тоа 53 проценти полио, прва доза и 80 проценти полио, втора доза.

07.11.2013 - 15:26
Фото: 
плсуинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега