Фатен Македонец со 39.000 долари во кеш на Александар Велики

 

Два одвоени случаи на нелегално изнесување на минерални суровини и американски долари се откриени на аеродомот „Александар Велики“ во Скопје.

Во првиот случај откриени се 32 килограми минерални суровини за кои е утврдено дека се нелегално ископани од територијата на Македонија, а во вториот случај се пронајдени 37 илјади американски долари.

Минералните суровини се откриени вчера кај канадскиот државјанин Р.В. (1955) кој не пријавил ништо за царинска контрола, но во неговиот багаж при контролата пронајдени се 17  вреќички полни со неоргански минерални материи.

Во разговор со лицето утврдено е дека станува збор за мостри ископани од територијата на Македонија и Косово врз кои веќе биле извршени проспекциски геолошки истражувања без соодветна дозвола од надлежните органи на Република Македонија.

Минералните суровини се одземени, а против лицето е покрената прекршочна постапка.

Покрај ова, утрово кај македонски државјанин кој требало да патува за Загреб откриени се 37 илјади американски долари. Македонскиот државјанин А.Р. пријавил дека носи само 300 евра, но поради сомневање, при контролата од страна од царинскиот службеник пронајдени се 39,600 американски долари.

Од Царинската управа информираат дека согласно законот за девизно работење може да се изнесат девизни средства во противвредност од 2.000 евра, поради што 2.600 долари му се вратени на патникот, а останатите 37 илјади евра се одземени. Против лицето е поведена прекршочна постапка

најчитано сега