Груевски: Индустрискиот раст уште еднаш покажа дека реформите даваат резултати

Премиерот Груевски денеска на поставувањето камен-темелник на ПЕТ-Ценатрот изјави дека Македонија со растот на издустриското производство оди во добар правец и реформите даваат позитивни резултати.

- Иако во ЕУ се уште не е надмината европската должничка криза и последиците коишто доаѓаат од таа криза, се чини Македонија влегува во една подобра фаза и е влезена веќе во една подобра фаза што дава надеж дека заедно со движењето на европската економија во еден добар правец, а таму веќе има предвидувања дека работите ќе одат кон подобро во следната година, дека и следната година ќе имаме добар раст на економијата и на индустриското производство, изјави Груевски.

И зголемениот број на работници во индустријата за 1,3 отсто во септември споредено со септември минатата година е показатен на добриот тренд.

- Првите два квартала завршија позитивно и тоа со четврт најголем раст во Европа, првиот и вториот заедно се некаде во просек околу 3,3 отсто раст што во овие е четврт најголем раст во Европа. Овие резултати во индустриското производство може да се сметаат за еден добар тренд, што дава добри перспективи за македонската економија и им дава сигнал и на инвеститорите и на нашите стопанственици дека е време, ако имале некои добри развојни планови да почнат да ги реализираат, нагласи Груевски. 

07.11.2013 - 14:20
Фото: 
МИА

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега