Јанкулоска: Полицијата утврдува што е украдено од Музејот на Македонија

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска во врска со гражбата која се случи во Музејот на Македонија изјави дека сеуште се утврдува вредноста на украдените предмети.

- Случајот е пријавен во текот на вчерашниот ден и во моментов течат разговори со сите лица за кои сметаме дека можат дадат повеќе информации. На прв поглед се чини дека се работи за прилично серизен случај и оти недостасуваат вредни предмети меѓутоа пред да се заврши конкретниот попис на предметите и да се направи споредба со она што стои во нивната евиденција и констатација за тоа што недостасува, ние не би можеле да излеземе со првична проценка во однос на вредноста на предметите кои недостасуваат и евентуалната направена штета, изјави Јанкулоска. 

Минситерката Јанкуловска посочи дека кога ќе имаат детали за кражбата и виновниците ќе ја информираат јавноста.

-Во овој момент не би можеле да кажеме и кој е начинот на извршување на делото при кое исчезнале одредени предмети за кои се тврди дека не се на местото каде што треба да бидат бидејќи увидот е во тек, рече министерката за внатрешни работи.

Инаку, како што вчера пренесе Пресс24, ограбен е Музејот на Македонија. Постојат сомневања дека крадецот може да е и човек од внатре но истрагата треба да покаже дали е тоа така.

07.11.2013 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега