Волерс: Добро е што медијаторот Нимиц се консултирал со Меркел

Американскиот амбасадор во Македонија Пол Волерс кој денеска работно го прошета Чешиново-Облешево, во рамки на својата посета одговарајќи на новинарско прашање истакна дека преговарачот за спорот со името Метју Нимиц и германската канцеларка Ангела Меркел го поддржуваат процесот и добро што Нимиц се консултирал со Меркел.

- Имаме кажано дека го поддржуваме процесот и под раководство на Обединетите нации и поединечните разговори на амбасадорот Нимиц со засегнатите страни. И Европа е засегната, а Германија е важна држава во Европа, така што ако амбасадорот Нимиц се консултирал со канцеларката Меркел тоа е добро. Не ја познавам содржината на разговорот, но сигурен сум дека ја запознал со позициите на двете засегнати страни, одговори Волерс на новинарското прашање.

07.11.2013 - 12:55
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега