Утре и задутре во Скопје ќе се прска против комарци

Градот Скопје ги известува граѓаните дека ќе изврши авионска  и терестрична дезинсекција, против ларви од комарци  и возрасни комарци, на подрачјето на Град Скопје,  односно: 

  1. Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2013 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира  на 10.05.2013 год. и на 11.05.2013, во период од 05:30 до 08:00 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта,  канали и стоечки водени површини во градот Скопје и  во неговата околина, како и  по течението на реката Вардар.
  1. Првиот наврат на аеросолната дезинсекција (тересртична) во 2013 година,на подрачјето на Град Скопје, против возрасни комарци, ќе се одвива во деновите од 12.05.2013 до 16.05.2013 (од недела до четврток), во период од 01:00 до 05:00  часот.

Доколку временските услови не го овозможуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авиодезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин, следниот ден кога ќе бидат поволни временските услови, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција. 

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

најчитано сега