За време на полициски час Заев лично наредил да бидат пропуштени 5 автомобили на граница

 

Вчера во 01:00 часот додека траел полицискиот час, на граничниот премин „Деве Баир“ биле пуштени пет патнички возила да влезат во Македонија и тоа по наредба на премиерот Зоран Заев, објав КУРИР.

Според информациите на КУРИР, службениците имаат пријавено дека биле исконтактирани лично од премиерот Зоран Заев дека на тие возила, со патниците меѓу кои имало и деца, треба да им се дозволи влез во нашата држава.

Среде полициски час, ноќта меѓу 13-ти и 14-ти март, Зоран Заев се јавува на граничниот премин „Деве Баир“ и лично дава насока да бидат пропуштени 5 возила, „Бе-ем-ве“, едно „Ауди“, едно „Волво“ и еден „Мерцедес“, со образложение дека “во возилата како сопатници се наоѓаат мали деца и лице болно од астма“.

Од Царина за Курир велат дека не добиле пријава за таков случај.

„Надлежност за евиденција за движење на луѓе и возила преку граничната линија има само полицијата, а не Царината. Што значи дека барем во царина, нема таков случај како што е наведен во Вашиот маил.

На 14.03 имало само едно возило кое се обидело да помине за време на полицискиот час и било вратено од страна на полицијата“, соопштија од Царина.

Во текот на вчерашниот ден, во двата дела од полицискиот билтен овој настан не е објавен и  МВР се уште се нема огласено во врска со овој случај.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2021 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега