Укината суспензијата на Дарко Станиќ

Дисциплинската комисија на ракометниот клуб Металург донесе одлука да ја укине суспензијата на голманот Дарко Станиќ по извршени разговори меѓу двете страни.

Стајиќ во изјава за офи­ци­јал­на­та веб-стра­ни­ца на Ме­та­лург вели дека сите недоразбирања се расчистени на задоволство на двете страни.

- Све­сен сум за мо­јот од­нос на нат­пре­ва­рот про­тив Ди­на­мо Минск, но и јас сум са­мо чо­век со свои ма­а­ни и доб­ле­сти. Се­ка­ко де­ка жа­лам што прв­пат во сво­ја­та ка­ри­е­ра бев сус­пен­ди­ран, но се на­де­вам де­ка се­то тоа е ве­ќе зад нас, вели Стајиќ за веб-страната на Металург.

Голманот додава дека се враќа на теренот и дека и понатаму ќе дава се од себе.

06.11.2013 - 14:50
Фото: 
либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега