КОРЕГИРАНО: Антикорупциска пресече: Имотот на Мијалков ќе го провери УЈП- под лупа анкетниот лист на Шеќеринска

 

Антикорупциската комисија пресече- Управата  за јавни приходи ќе го провери потеклото на имотот на директорот на УБК Сашо Мијалков откако тој доставил известување дека во анкетниот лист е направена грешка тешка над 700.000 илјади евра. Ќе се проверат и податоците од анкетниот лист на пратеничката Радмила Шеќеринска.Претседателот на Комисијата Ѓорги Сламков вели дека работат неселективно и постапуваат еднакво кон сите граѓани.

„Во поглед на двата случаи за кои прашувате испитани се наодите изнесени во јавноста и донесени се заклучоци. За директорот на Управата за безбедност и контраразузнаваче донесен е заклучок за испитување на имотната состојба во УЈП. За пратеничката Шеќеринска донесена е одлука да се проверат податоците од анкетниот лист“, вели за Пресс24 првиот антикорупционер Сламков.

Од Мијалков е веќе добиено и известување со кое тој ги информира членовите ан антикорупциска за направена грешка во податоците. Направен бил пропуст во бројките а не била избришана ниту фирма која ја продал во 2011та.

Антикорупцсиката комисија поднела прекршочни пријави и барања до УЈП за испитување на имотот и на директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, директорот на Македонски пошти и четворица амбасадори кои во законскиот рок не поднеле анкетни листови.

06.11.2013 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега