Тетовчанец си направил работилница за фалсификување дипломи од ДУТ

Тетовската полиција откри работилница за изработка на фалсификувани дипломи и уверенија од Државниот унивезитет во Тетово.

Полицијата го приведе 30-годишниот М.О. од тетовско Селце кој се сомничи дека фалсификувал повеќе уверенија и дипломи од Факултетот за медицински науки за странски државјани, претежно Италијанци, и по нивно преведување кај овластен преведувач, ги заверувал на нотар и им ги дистрибуирал, со што успеал да завери шест уверенија, додека 16 уверенија не биле заверени бидејќи нотарот се посомневал во нивната веродостојност.

При претрес на куќата на тетовчанецот биле пронајдени и одземени една диплома за завршени медицински науки на Државниот тетовски факултет на име на италијански државјанин, две уверенија за завршен Медицински факултет за две лица од Италија, две уверенија за завршен стручен испит пред Испитна комисија за стоматологија во Скопје, четири фотографии на лица од Италија, седум други документи во фотокопии на италијански државјани наменети за Хрватска и две тетратки со списоци со имиња на потенцијални, идни корисници на неговите фалсификаторски услуги. 

06.11.2013 - 12:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега