Русија: Во железничка несреќа повредени 20 луѓе - горат и цистерни

Најмалку 20 луѓе се повредени во железничка несреќа на југот на Русија кога 51 цистерна со запалива течност протекла на шините и се запалила што довело до евакуација на 2700 жители на околното подрачје. Несреќата се случила ноќта, откако огнот зафатил површина од 1500 квадратни метри. Причината за истекувањето на запаливата течност засега не е позната, но утрото пожарот бил локализиран, но последиците од несреќата се 20-на повредени, од кои осум биле префрлени во болница, а евакуирани биле 2700 луѓе кои живеат во близина на местата на несреќата, навела прес службата на гувернарот на Ростовскиот регион. Медиумите пренесуваат дека  27 лица се примени во болница со повреди и изгоретини од кои 11 вклучувајќи го и машиновозачот, е задржан на болничко лекување, а едно лице е во критична состојба. 

 

најчитано сега