Македонската фолкерка преку весник се откажа од својот татко

Македонската фолкерка Андријана Сонце преку весник се откажала од својот тако бидејќи ја занемарувал. Таа во емсисијата Фаци низ солзи раскажува дека не и треба ништо од богатството на нејзиниот татко, бизнисмен во Чешка, пренесува Либертас

„За ова ја имам целата подршка од мајка ми која е во фаза на разведување од него, како и од брат ми. Тој не заслужува да го носиме неговото презиме, и еве со оглас во службен весник напишав дека се откажувам од него и дека не ми треба никаков надомест, односно наследство од неговиот имот, кој го има стекнато со бизнисите. Не ми треба ни мене, ни на моите, неговото материјално богатство, кога не е никогаш крај нас, кога сме среќни или тажни за заедно да ги споделиме тие чувства. Можам и без него и без неговото богатство, сама ќе се борам низ животот како што правев и досега, вели пејачката и додава дека подобро е вака за да не ја измачува неговата незаинтересираност за сопствените деца. „Не е се во парите“, вели Андријана за Фаци.

06.11.2013 - 11:39
Фото: 
Либертас

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега