ФОТО: Албанскиот премиер на братска вечера со Ахмети и Тачи

 

Премиерот на Албанија, Еди Рама, кој од вчера е во дводневна официјална посета на Македонија, ги поканил на вечера лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, пренесува весникот „Шекули". 

Синоќа на социјалните мрежи албанскиот премиер вечерата ја оценил како „братска“.

За денеска е предвидено Рама да оствари средба со шефот на државата Ѓорѓе Иванов, премиерот Никола Груевски и со собранискиот спикер Трајко Вељановски.

 

 

06.11.2013 - 11:12
Фото: 
Шекули

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа