„Полициски интегритет, отчетност и надворешен надзор“

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, Одделот за полициска програма на DCAF од Женева и Мисијата на ОБСЕ во Македонија денеска ja организираaт четвртата регионална конференција на единиците за внатрешна контрола на полициите од регионот.

Темата на која ќе се дискутира е  „Полициски интегритет, отчетност и надворешен надзор“.

DCAF ќе ја презентира Програмата за градење полициски интегритет, а ќе се дебатира и за полициските реформи во делот на отчетноста и надворешниот надзор, како и за поврзаноста меѓу внатрешната контрола и надворешниот надзор.

06.11.2013 - 11:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа