Македонска собраниска делегација на семинар во Европскиот парламент во Брисел

Македонска собраниска делегација денеска и утре присуствува на Парламентарен семинар на тема „Младите и образованието на Балканот" во Европскиот парламент во Брисел.

Во рамки на македонската делегација се пратениците Александар Спасеновски, претседател на Комисијата за образование, наука и спорт, Дешира Имери, член на комисијата, Билјана Казанџиска, заменик-член на комисијата и Мерал Узеири Ферати, член на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, а со семинарот ќе претседава Дорис Пак која неодамна беше во работна посета на Македонија.

Предвидено е семинарот да се одвива во две работни сесии, а покрај европарламентарци и претставници на Европската комисија, учество на семинарот ќе земат и истакнати експерти од областа на образованието. Семинарот има за цел размена на искуства и поттикнување поширока дебата меѓу парламентарците од националните парламенти од Балканот и Турција и европарламентарците за овие прашања.

 

06.11.2013 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега