Полицијата во Кливленд пронашла синџири и јажиња во куќата каде биле држени киднапираните жени

Синџири и јажиња се пронајдени во куќата во американскиот град Кливленд, во државата Охајо, од која беа спасени жените киднапирани пред десет години, изјави денеска градоначалникот на локалната полиција.

- Имаме потврда дека тие биле врзувани, пронајдовме синџири и јажиња во ходникот на куќата, рече Мајкл Макграт.

Дваесет и седугодишната Аманда Бери, 23-годишната Џина Дехесус и 32-годишната Мишел Најт беа ослободени од заробеништво во понеделникот вечерта. Тие биле киднапирани соодветно пред десет, девет и 11 години.

Во куќата имало шестгодишно девојче - ќерката на Аманда Бери, родена во заробеништво. Полицијата ги уапсила осомничените грабнувачи - браќата Ариел (52), Онил (50) и Педро Кастро (54).

Началникот на полицијата на Кливленд истакна дека тројцата оосмничени се сослушувани од агенти на ФБИ и службеници на локалната полиција и се очекува подоцна денеска да им бидат покренати обвиненија. 

најчитано сега