Ќе се гради заеднички парк меѓу Јужна и Северна Кореја

Јужнокорејската претседателка Гуен Хје Парк предложи денеска формирање меѓународен парк на границата меѓу двете Кореи, како дел од широка регионална иницијатива за намалување на тензиите на Корејскиот полуостров.

Во обраќање до американски конгресмени во третиот ден од престојот во САД, Парк предупреди дека демилитаризираната зона всушност е „најмилитаризирано место во светот“ и ризикот се шири за меѓународната заедница.

– Тоа би бил парк кој праќа порака за мир до човештвото, наведе таа зборувајќи за својата иницијатива за создавање меѓународен парк во постоечката демилилтаризирана зона на раздвојување на двете Кореи.

Парк додаде дека Сеул никогаш нема да прифати нуклеарно вооружен Пјонгјанг и на неговите провокации одлучно ќе одговори.

најчитано сега