ФОТО: Тројца браќа разделени од раѓање се нашле по цели 70 години!

Тројца браќа кои биле разделени веднаш по раѓањето се пронашле по цели 70 години! Се работи за 75-годишниот Дејвид Бејер, 5 години  помладиот Ниел Томпсон и 92-годишниот Доналд Томпсон.

Овие тројца браќа биле разделени веднаш по раѓањето. Сите имаат ист татко, а едниот од нив веднаш бил даден на посвојување. Бејер дознал за едниот од неговите браќа, но не бил ни свесен дека некаде на светот живее уште еден човек кој му е брат. 

Ќерката на едниот од браќата започнала истражување, па успеала да го спои семејството по долги години.

- Додека седеа заедно се смееја и уживаа. Меѓу нив не постои голема физичка сличност, но затоа постои голема психичка сличност...па тие се исти!, вели ќерката.

06.11.2013 - 09:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега