Нагло закочи автобус од јавниот превоз - Петмина завршија во болница

 

Пет патници на автобус од градскиот превоз во Крагуевац, Србија завршиле во болница откако возилото нагло закочило. Како што пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на официјални полициски извори, сите патници имаат полесни повреди. Станува збор за патници кои стоелево автобусот. Во моментот кога возачот закочил тие паднале на под и се здобиле со повреди.
Возачот на автобусот на полицајците им рекол дека морал нагло да закочи за да избегне судир со автомобил кој му го пресекол патот

06.11.2013 - 09:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа