Создаден сајт за обеделување на активности на мафијата во Италија

Компјутерски експерти создадоа нов сајт со име „mafialeaks“, кој ќе има за цел да ги потикне ртви на организиран криминал на обелоденување информации што се однесуваат за активности на италијанската мафија.

Со овој сајт луѓето ќе можат анонимно да обелоденат активности на мафијата запштитувајќи ги оние кои даваат информација.

Сите информации ќе минат низ мрежа од заштити на идентитетот на корисникот и изворот, како што се судии, новинари или полиција.

 

Еден од креаторите на сајтот изјавил дека засега се десеттина луѓе, со семејства, а се што направиле било по работните обврски користејќи пари од свои џебови.

05.11.2013 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега