Спасовски: СДСМ ќе ги почека законските предлози за реорганизација на министерства


Коориднаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, денеска во одговор на новинарски прашања во македонското Собрание информираше за заклучоците од координацијата на Пратеничката група и кај Претседателот на Собранието, на којашто главно, се дискутираше за конституирањето на комисиите, работните тела во законодавниот дом, делгациите и групите за соработка.

 

Во однос на Законите кои што се најавуваат за реорганизација на министерства или реформа на администрацијата, Спасовски соопшти дека СДСМ не може да соопшти став на невидено и затоа пред да одлучи ќе ги почека законските решенија, ќе ги разгледа внимателно законските текстови, по што ќе донесе одлука дали ќе ги поддржи.

03.06.2024 - 16:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега