Уживајте во јогуртот и не грижете се за мустаќите
Неодамна Алпско го претстави својот јогурт, кој носи две одлични новости; нова, поголема чашка од 275гр и ново, иновативно, практично пакување за целосно уживање без мустаќи.
Ориентиран кон модерна технологија, употреба на врвни знаења и подобрување на квалитетот, Алпско инвестираше во модернизација на производството и едукација на вработените, што резултираше со подобрен квалитет на производите, како и подобро разбирање на потребите на потрошувачите и љубителите на Алпско јогуртот, кои не сакаат да се соочуваат со непријатните мустаќи додека појадувааат во пекара, јадат и возат кон работа или појадуваат со колегите. Ова оригинално и практично решение од Алпско ќе им овозможи на обожавателите на јогуртот комплетно уживање без белите мустаќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа