ВИДЕО: Десет илјади педофили сакале да контактираат со ова девојче

Невладината организација Terre des Hommes, создала виртуелно девојче, а повеќе од десетици илјади педофили биле подготвени да платат за да стапат во контакт и сексуално да го злоупотребат.

Без да размислат дека со тоа веднаш ќе се идентификуваат педофилите сакале да гледаат како 10- годишната Sweetie oд Филипини, изведува секси пози пред камера.

Со ова биле идентификувани повеќе од илјада педофили во 65 земји, а нивните податоци биле дадени на Интерпол.

„Со оглед на тоа што целата работа се одвиваше на интернет, тие мислат дека никој не ги следи, така што беше многу лесно да им се влезе во трага, а со повеќе средства можевме да ги идентификуваме сите десет илјади педофили“, смета Ханс Гајт од организацијата.

 

Околу 750.000 педофили во секој момент се онлајн на интернет.

05.11.2013 - 14:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега