Во САД се одржуваат избори за градоначалници и гувернери

Денеска во неколку сојузни држави и градови ќе се одржат избори за гувернери и градоначалници.

Најголем интерес предизвикуваат изборите за градоначалник на Њујорк. Главен фаворит е Бил де Блазио, кој се очекува да биде првиот демократ што ќе биде избран на градоначалничката функција во „Големото јаболко“ по 1989 година. Негов ривал е републиканецот Џо Лота. Досега цели 12 години градоначалник беше поранешниот републиканец Мајкл Блумберг.

После 20 години ќе биде сменат и градоначалникот на Бостон, демократот Томас Менино. о Бостот за градоначалничката функција се борат двајца демократски кандидати Мартин Волш и Џон Коноли.

 

Според анкетите републиканецот Крис Кристи ќе биде реизбран за гувернер на Њу Џерси во трката со демократката Барбара Буоно, која е член на државниот Сенат.А, според анкетите фаворит на изборите за гувернер во Вирџинија е Тери Маколиф, поранешен претседател на Националниот комитет на Демократската партија.

05.11.2013 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега