Висар Фида: Граѓаните покажаа голем интерес за огласот за промотери

 

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида во интервју за порталот Курир вели дека граѓаните покажале доста голем интерес за огласот за промотери.

- Интересот за овие работни места е доста голем. Во моментов не располагаме со точна бројка за пријавени кандидати од причина што еден кандидат може да се пријави за сите девет огласени позиции а тоа може да се види само откако ќе се затвори огласот.  Секојдневно пристигнуваат нови апликации и бројката на пријавени кандидати ќе биде објавена по завршување на огласот. Очекуваме голем одзив, онаков каков што имавме на огласот во првата половина на 2013 кога пристигнаа над 300 апликации. Сепак тоа не е приоритет, приоритет се луѓе кои што се стручни и кои поседуваат способности за да можат да ги задоволат  потребите на работното место. Предизвикот кој го претставува самата работа е голем мотив за оние кои се пријавуваат бидејќи промотерите се клучни во привлекувањето на странски инвестиции, промоција на извозот и генерално промоција на РМ како поволна дестинација за бизнис и туризам, вели за Курир директорот на Агенцијата за странски инвестиции.

Фида додава и дека кандидатите кои ќе се пријават на огласот за вработување потребно е да имаат завршено високо образование и да имаат работно искуство најмалку две години. Познавање на странски јазик за земјите од англиско говорно подрачје англиски јазик со ниво на познавање еквивалетно на ЦЕФР,ТОЕФЛ,ИЕЛТС, додека за земјите од неанглиско говорно подрачје потребно е познавање на јазикот на земјата на упатување и познавање на англискиот јазик. Кандидатите треба да се запознаени и со  економските услови на земјата во која се упатуваат и секако познавање на инвестициските можности на Македонија.

Висар препорачува сите заинтересирани да се пријават на огласот бидејќи истиот нуди еднакви можност за сите пријавени и како резултат на важноста на овие позиции само кандидати кои се со вистински квалификации и вештини ќе бидат избрани. 

 

04.11.2013 - 11:37
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега