Сугарески ја презеде Царина: Ќе сторам сѐ за да ја оправдам укажаната доверба
Поранешниот министер за транспорт и врски од претходниот мандат, Горан Сугарески ја презеде новата функција, директор на Царинската управа.
Вели дека во новиот професионален предизвик ќе продолжи чесно, посветено и транспарентно да служи на интересите на граѓаните и државата.
-Ќе сторам се’ да ја оправдам укажаната доверба. Упатувам благодарност на досегашниот директор за неговиот ангажман во Царинската Управа. Можеме уште повеќе и уште подобро! Нови професионални успеси за подобра иднина, напиша Сугарески на Фејсбук.
Денес и официјално стапувам на нова должност. И во новиот професионален предизвик продолжувам чесно, посветено и...
Posted by Goran Sugareski on Monday, 18 January 2021
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа