ВМРО-ДПМНЕ: Продолжува интензивната соработка со Конрад Аденауер, идните проекти ќе бидат насочени за јакнење на капацитетите на партијата
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски денеска се сретна со новиот Директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Македонија, Даниел Браун.
Како што соопшти партијата, Мицкоски му посакал добредојде и успешна работа во Македонија, а двајцата се сложиле дека соработката помеѓу Фондацијата и ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на високо ниво, но и ќе се засилува.
-Уште еднаш се афирмирани одличните релации помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Конрад Аденауер - официјална Фондација на ЦДУ. Главен акцент на средбата беше ставена на разговорите за идни проекти насочени кон јакнење на капацитетите на партијата. Преку проекти и настани на Конрад Аденауер поминале цели генерации на политичари на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски ги афирмираше принципиелните заложби на ВМРО-ДПМНЕ за евроинтеграција на Република Македонија, но истакна и благодарност за поддршката која ја добиваме при тоа од Фондацијата и Германија, се вели во соопштението од опозициската партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа