Канческа-Милевска во посета на Кокино

Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, денеска ќе го посети локалитетот Татиќев Камен во селото Кокино, каде пред извесен период археолозите од Музејот - Куманово ги завршија истражувањата, а сега следува процесот на конзервација.

За време на посетата Канческа-Милевска ќе биде придружувана од Виктор Лилчиќ, директор на Управата за заштита на културното наследство, Мемет Селмани, директор на Националниот конзерваторски центар, како и од в.д. директорката на Музејот во Куманово, Анита Цветановска.

02.11.2013 - 10:27
Фото: 
Региони.мк

најчитано сега