Одземени 24,6 тони минерално ѓубре од земјоделска аптека во Иловица

Од земјоделска аптека во селото Иловица инспекциските служби одзедоа 24,6 тони минерално ѓубре вредно 12 илјади евра.

Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, изјави дека решението за одземање е донесено по извршените анализи кои покажале дека ѓубрето отстапува од декларираната содржина.

- Ова пратка на минерално ѓубриво НПК 15-15-15 е од „Азо Хим“ Суботица. По извршените лабораториски анализи е констатирано значително отстапување од  декларираните вредности. Наместо 15 отсто, азотот го има само 5,5, фосфорот 4,6, а калиумот 4,9 проценти што е фрапантно големо отстапување, нагласи Стаменов.

Државниот инспекторат за земјоделство на правниот субјект и одговорните лица им изрече казна од  8,8 илјади евра.

01.11.2013 - 16:04
Фото: 
кумановоњуз