„Супер Марио“ ќе им помага на старите и изнемоштени прилепчани

Потпишан е денеска  договорот за спроведување на проектот „Супер Марио“ кој е наменет за давање на услоги на старите и изнемоштени лица во Прилеп.

Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески посочи дека преку проектот „Супер Марио“ ќе се обезбеди сервис за домашни услуги на стари и изнемоштени лица, а Домот за стари лица и локалната самоуправа на овој начин ќе обезбедат подобри услови за живот на преку 100 семејства на стари лица.

- Ќе се реализира во период од 12 месеци преку доставување животни продукти и одржување на хигиената надомовите со стари лица над 65 години, изјави градоначалникот Ристески.

За имплементација на проектот, Општината од буџетот издвои еден милион и двесте илјади денари и ќе бидат ангажирани 15 волонтери.

Според Дарко Рибар, директор на домот за стари лица „Киро Крстески Платник“ се партнери во овој прокет со локалната самоуправа.

- Наша задача е да ги обезбедиме искуствата и кадарот за работата со старите лица. Ние ќе ги обучиме волонтерите во однесувањето со старите лица и начинот на давањето услуги кои им се неопходни. Старите лица над 65 години со пензија до 9.300 денари може да се пријавуваат во Домот за да бидат опфатени со проектот, вели Рибар.

 

01.11.2013 - 15:36