ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски се фати во својата лага - за еден месец прегледа само една бандера

Андреј Жерновски е фатен во својата лажна конструкција. Неколку дена зборува за се освен за клучното прашање, кое му го поставува јавноста и експертите, а тоа е кои се луѓето или фирмите кои наводно му понудиле мито за соработка. Жерновски смисли илјада работи само за да го одбегне одговорот.

За нас станува повеќе од јасно дека со својата изјава Жерновски всушност испрати порака до сите градежни фирми и останати компании, за тоа кој е начинот за соработка со него и Општина Центар. Жерновски сам, на овој начин, ги повика фирмите и им го покажа коруптивниот пат како да се соработува со него.

На цела македонска јавност веќе и е јасно дека Жерновски излажа, исто онака како што лаже и манипулира со сите останати теми. Жално е што цената на неговото ефтино политиканство и неработа во следите години ќе ја плаќаат жителите на Општина Центар.

ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од сигурна дека во следниот период допрва ќе ги гледаме сите матни и коруптивни зделки на кои се спремни Жерновски, неговиот бизнис партнер Ристо Пенов и тесниот круг на нивни партиски и бизнис пријатели.

Жерновски во целиот период од кога стана градоначалник се занимава со кочења, блокади, лажење, политички конструкции, а не со работа и проекти од интерес на граѓаните на Општина Центар. Како што очекувавме од него работа не видивме и нема ни да видиме, туку само политизирање, интриги, глумење жртва и креирање кавги.

Помина еден месец откако е градоначалник, а единствена активност му се препукувањата со нас и разгледување на една бандера во присуство на сите медиуми.

(Интегрлаен текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

најчитано сега