Проширување на дел од улицата „10“ во Кадино
Започна проширувањето на дел од улицата „10“ во Кадино. Со градежните зафати во должина од 80 метри и широчина четири метри предвидено е проширување со бекатон плочки во широчина од 2,5 метри и градење тротоар широк 1,5 метри.
- Со проширувањето на оваа улица значително ќе се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот, посебно на пешаците и учениците од ОУ „Ристо Крле“, кое се наоѓа во непоседна близина. Реконструкцијата ќе овозможи подобра и побрза комуникација, како и подобар изглед на општината, велат од Општина Илинден од чиј буџет се обезбедени средствата за реализација на проектот.
01.11.2013 - 11:54
Фото:
илинден.гов