Дебата за доброволно пријавување и наплата на даноци
Претставници на даночни управи од 20 држави заедно со Интра-европската организација на даночни администрации во Скопје дебатираа за доброволното пријавање и наплатата на даноци.
Учесниците имаа можност да се запознаат подетално со процесот на едукација на даночните обврзници, односно како тој е организан и се спроведува во Австрија, Македонија, Финска, Холандија, Шпанија и Норвешка, како и да ги слушнат препораките на даночните експерти од ИБФД.
Според експертот Росен Бачваров, Македонија е на вистинскиот пат во поглед на наплатата на даноци. Неговиот колега Манфред Елмекер од Австрија гледа голем напредок во Македонија во областа на даночната политика.
- По размената на искуствата на македонските даночници со австриските колеги пред четири години, денеска има голем напредок во Македонија и пред се во обученоста на даночниците и во подобрената информираност на даночните обврзници, истакна Елмекер.