Милошоски: СДСМ одбива во Собранието да се зборува за Национален консензус за македонско-бугарските односи

Прелодогот на опозицијата за ставање на точка на дневен ред за Утврдување на национален консензус за македонско-бугарските односи бил одбиен со пет гласа против од пратениците на СДСМ и ДУИ, информираше денеска пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

-Сметам дека ова е уште еден показател за недостатокот кој што го има во Македонија, прво министрите не сакаа да дојдат во Собранието и да објаснат за што цел викенд се разговарало на линија Скопје – Софија, особено преку тимовите ангажирани од Министерствата за надворешни работи и второ тоа што пратениците од владеачкото мнозинство не се расположени да изградиме заеднички надпартиски консензус за ова прашање како што впрочем имаат изградено пратениците во Бугарското народно собрание. Без разлика дали ставот на Бугарија го третираме како неоправдан или субјективен тоа што имаат национален консензус им дава предност во овој наметнат ирационален спор и би било добро во Македонија да има таков консензус, но за жал одговорноста на владеачкото мнозинство сметаме дека не се на нивото на задачата и тоа што го саботираат ваквиот предлог покажува дека не се заинтересирани да бидат потранспарентни и да се вклучат во градење на еден надпартиски консензус, рече Милошоски.

Рече дека изминатиот викенд тим предводен од министеорт за надворешни работи Бујар Османи бил во директна и интензивна комуникација со бугарското МНР.

-Но за жал заради нетранспарентноста на Владата која што не сака да сподели информации ниту со пратениците ниту со медиумите, не би можеле да кажеме за што се преговарало и дали нешто е договорено и по чија цена и за чија сметка, но се надеваме дека Владата ќе ги соопшти деталите од овие преговори. Во меѓувреме она што Владата не сака да го соопшти или да го сподели во Собрание ќе го види како протести и блокада на Министерството и на Владата, рече пратеникот Милошоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.12.2020 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега