Ни машко ни женско - Германците за прв пат воведуваат трет пол за децата

Германија е првата европска земја која ќе допушти да децата родени со карактеристики на двата пола се регистрираат како „неодреден пол“ На родителите ќе им биде допуштено да во изводот на книгата на родени во полето за ознака, истото го остават празно. Промената е воведена како би се смалил притисокот да родителите мораат брзо да донесат одлука од неопходната операција на прилагодување на полот кај новороденчињата. 

„Ова ќе биде прв пат да законот признава дека постојат луѓе кои не се ниту машко ниту женско човечко битие. Односно се луѓе кои не се вклопуваат во традиционалните правни категории“, изјавила Констанс Плет, професорка по право на универзитетот во Бремен. Иако законот стапува на сила во петок, уште постојат прашања како ќе изгледа животот без законски одредениот пол.

„Во германските пасоши, во кои сега во полето за пол стои ознака М за мажи и F за жени, наскоро ќе биде дополнет и со ознака X“, изјавил портпаролот на германското министерство за внатрешни работи.

31.10.2013 - 12:30