Воз удри во маж кај Велес

Воз удрил во машко лице на влезот на железничката станица во Велес. Како што информира полицијата, несреќата се случила утрово, нешто пред 6 часот, кога возот кој сообраќал на релација Битола Скопје прегазил маж, чиј идентитет се уште не се открива. Повредениот веднаш бил префрлен во велешката болница каде е задржан на лекување. Се уште нема информации каква е неговата состојба

 

31.10.2013 - 10:54

најчитано сега