Објавени резултатите од конкурсот за стипендирање студенти

Фондацијата „Трајче Мукаетов “ денеска ќе ги објави резултатите од конкурсот за стипендирање студенти по фармација и медицина на истоимените факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје за учебната 2013/2014 година.

За изборот на стипендистите ќе говорат претседателот на Фондацијата,  Живко Мукаетов, деканот на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р. Светлана Кулеванова и деканот на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф. д-р. Никола Јанкуловски.

Согласно своите програмски определби за поддршка на млади, талентирани и амбициозни кадри од областа на фармацијата и медицината, Фондацијата „Трајче Мукаетов “ ќе додели и еднократна парична награда на првенците на генерацијата на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при УКИМ.

31.10.2013 - 10:11

најчитано сега