Акредитивните писма на амбасадорите на Словачка и на Мароко денеска ќе ги прими Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Словачката Република и на Кралството Мароко во Република Македонија.

Акредитивните писма на претседателот Иванов ќе му ги предаде новоименуваниот амбасадор на Словачката Република Мартин Безак и новоименуваниот амбасадор на Кралството Мароко Латифа Акарбах.

31.10.2013 - 09:36

најчитано сега